Претставници на здруженија на пензионери бараат повторно линеарно зголемување на пензиите и тоа да се воведе со закон наместо сегашното законско решение. Сметаат дека со тоа ќе се намали јазот меѓу пензионерите кој се должи на различниот степен на образование, стаж и примања во текот на работниот век.
Од Иницијативниот одбор на пензионери за линеарно зголемување на пензиите на денешната средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски побарале процентот, да се одредува во согласност со трошоците на живот, а сумата рамномерно да се распореди. Во продолжение изјавите на Кирил Јосифовски, Иницијативен одбор Охрид и Дебрца и на Трајчо Митев, претседател на Иницијативен одбор Штип.













