Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Околку 100 македонски компании од различни сектори ќе се претстават на ЕКСПО

/

Економија

Сподели преку :

Околку 100 македонски компании од различни сектори ќе се претстават на ЕКСПО, што идната година ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август.

Според организаторите, шансата е огромна за целиот регион да се претстави со своите конкурентни предности, но и да воспостави нови деловни врски со светот бидејќи ќе присуствуваат дипломатски и бизнис делегации од над 140 земји.

  • Пред сè, ЕКСПО во голема мера е една бизнис олимпијада. Ние очекуваме дека во следните 10 години ЕКСПО ќе има влијание врз нашата економија до 9 милијарди и дека во иднина ќе отвори скоро 360.000 работни места во Србија. Од друга страна, кога зборуваме за тоа влијание врз економијата од 9 милијарди, очекуваме дека дел од тие пари ќе се прелеат и во самиот регион – Данило Јериниќ, генерален директор на „Eкспо 2027“ Белград.

Во видеото се изјавите на Данило Јериниќ, генерален директор на „Eкспо 2027“ Белград и Александар Велиновски, комесар на македонскиот павилјон. „Експо 2027“