Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од септември редовно усогласување на пензиите

/

Економија

Сподели преку :

Пензиите од септември ќе се зголемат согласно редовното законско усогласување, најави премиерот Христијан Мицкоски. Колкав ќе биде растот, засега не се знае, бидејќи пресметките сè уште траат.

Мицкоски рече дека владата се враќа на законскиот процентуален модел, по претходните линеарни зголемувања, за кои беа поднесени иницијативи пред Уставниот суд.

Пензиите се усогласуваат двапати годишно, во март и во септември. Во пресметката еднакво се земаат предвид растот на просечната плата и растот на трошоците за живот. Во изминатите две години, пензиите линеарно беа зголемени за вкупно 7.000 денари.

Jumbo 2