Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николоски: Апсурден е проблемот на превозниците – во 21 век да се бројат минутите на македонските превозници

/

Економија

Сподели преку :

Директна порака дека мора да се реши проблемот со превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките, без какви било задржувања, чекања и пречки, упати Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, на бизнис форумот во Стопанската комора.

Укажа и на нелојалната конкуренција во делот на тендерирањето на инфраструктурните проекти во рамки на ЕУ. Посочи дека најголемите зделки ги добиваат компании од Кина и Индија, наместо европски фирми.

– Мислам дека разговораме за апсурд. Во 21 век, со признати либерализации со земја кандидат за членство во ЕУ која ги почна преговорите, да разговараме дали македонски превозник треба кога ќе се качи во камион да ги брои деновите, часовите и минутите. Ако имаме нелојална конкуренција од една страна, а немаме слободен проток на стока и на добра, тогаш нема поента за било што да разговараме. И обратно, ако ги решиме овие два проблема, тогаш можностите се огромни, кажа Николоски.