Привремено е прекинат ископот на јаглен во рудникот Суводол поради свлечиште. Додека трае санацијата се менува организацијата на работа. Вработените од одредени позиции наместо во смени ќе работат со полно работно време. Ваква наредба добиле работниците во РЕК Битола.
Пишува и дека сите ќе бидат вклучени во ремонтни активности во зависност од стручноста, а задачи ќе добиваат од техничкиот директор на Рудници.
Во дописот стои и предупредување – непочитувањето на наредбите ќе биде санкционирано согласно законот и колективниот договор на друштвото.
Но и покрај ваквата ситуацја и тоа што во наредбата до РЕК стои дека поради проблемот ископот во Сувдоот ќе биде привремено прекинат, од електрани во одговор за Телма го тврдат спротивното. Паралелно со санацијата на пукнатината се прави и ископ, а производството на струја не е доведено во прашање.
Иако, производството и експлоатацијата се одвиваат со намален капацитет согласно насоките од проектот за санација, тие не се загрозени во ниту еден момент, така што ископот на јаглен продолжува да се одвива непречено во три смени од ПЈ Суводол и од рудникот Брод Гнеотино, пишува во дописот од ЕСМ
Од грчкиот јаглен пак дневно се прави дотур од 2.000 до 2,500 тони.
Во однос пак на ангажираните работници во одговорот стои дека дел од оние оод втора и трета смена, се ангажирани во прва смена, заради ремонтните активности во комбинатот, а не заради ископот. Но и натаму останува отворено прашањето до кога ќе трае санацијата на проблемот и кога ќе може да се зголеми ископот на јаглен од домашниот рудник.
Според, бројките ЕСМ заклучно со август произвел 25 отсто помалку струја во однос на планот, слично сценарио како и лани. Но овој пат од компанијата уверуваат дека причината за намалената испорака не е дефект, туку станувало збор за економско работење.
И годинава како и лани електрани со амбициозен план. Очекува 2026 да ја заокружат со производство од 4.300 гигават часови, количина која со години не е испорачана. Сепак, дали овој пак ќе се успее електрани да го реализира планот, појасна слика ќе се добие со стартот на грејната сезона, но зависи и од тоа каква зима е пред нас.
Ирена Чакова
Б.С.












