Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На сметките на партиите легнаа 8 милиони евра – експертите прашуваат кои се приоритетите на владата

/

Економија

Сподели преку :

Може да доцни поврат на ДДВ, пари за комунални услуги, исплата на тендери, државна помош, но политичките партии не смеат да трпат. Парите за нив се исплаќаат редовно.

Податоците од алатката Отворени финансии покажуваат дека Министерството за правда на 2 јуни им ги префрли на политичките партии парите за државно финансирање. Партиите си поделија над 8,5 милиони евра, кои се распределуваат врз основа на изборните резултати. ВМРО-ДПМНЕ доби 151 милиони денари, односно 2,5 милиони евра, СДСМ 65 милиони денари, ДУИ 29 милиони денари, Левица околу 25 милиони денари, ЗНАМ околу 19 милиони, Алтернатива, Беса и Демократско движење по околу 250 илјади евра, а другите по помалку.

Алатката покажува дека државните пари за партиите во изминатите години легнуваат редовно.

Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии вели дека тоа покажува кои се приоритетите на државата.

  • „Колку и да нема пари, за партиите секогаш ќе се најдат пари, односно сè друго може да застане во државата, може да не се враќа ДДВ, да се доцни со пензија, да се доцни со што било друго, ама за партиите мора да се најдат пари. Според мене најтрагично во ситуацијата е што секој тоа го прифаќа како нормално. Така е постојано, но сите на некој начин го прифаќаат, го нормализираат, но тоа за мене е најтрагично“, вели Јовановиќ.

Владата во изминатата недела донесе одлука да земе краткорочна бескаматна позајмица од М-НАВ, МЕПСО и Лотарија заради исплата на кинеските кредити за автопатите. Бизнисмените, пак, се жалат дека доцни повратот на ДДВ.

Јовановиќ вели дека тоа не значи дека државата нема пари или дека ќе банкротира, туку дека постојано троши повеќе од што прибира во буџетот.

  • „Колку ти е долга чергата, толку ќе си ги пуштиш нозете, а нашата влада како да не го сфаќа тоа и постојано си ги пушта нозете подолго од што е чергата и затоа постојано мора да прават вакви акробации за да на некој начин ги скрпат состојбите. Се сеќавате и лани, на крајот на годината, прерано го затворија трезорот, па префрлаа некои плаќања од декември за јануари“, вели Јовановиќ.

Директорката на Германската стопанска комора во Македонија Антје Ванделт, во емисијата Бизнис објектив пред два месеци се пожали дека доцни повратот на ДДВ и државната помош, и оти кај некои компании таа сума достигнува 12 милиони евра.

Според последните податоци од Министерството за финансии од крајот на март, Министерството за социјална политика, демографија и млади имало 271 милиони денари, односно 4,5 милиони евра, доспеани, а неплатени обврски, животна средина 176 милиони денари, образование 146 милиони, култура 118 милиони денари, транспорт 100 милиони денари, Министерството за здравство должело 80 милиони, а МНР околу милион евра што не ги платило навреме.

Срѓан Стојанчов

Б.С.

Jumbo 2