Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МППС: Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

/

Економија

Сподели преку :

Дури 22 отсто од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, а уште позагрижувачки е дека тоа е случај со речиси секое трето дете. Ова го покажуваат податоците што ги сподели Македонската платформа против сиромаштија. На Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, бараат итно да се донесе сеопфатна национална стратегија против сиромаштијата по примерот на ЕУ, каде целта е до 2050 година целосно да се искорени сиромаштијата.

„Иако статистиките покажуваат дека сиромаштијата ни се движи некаде околу 22% од населението и како да се навикнавме тоа дека е вообичаена рамка, сепак граѓаните многу подлабоко ги чувствуваат потребите за справување со таа состојба, односно да можат да имаат начин, можеби не повеќе пари, меѓутоа да имаат начин како да излезат од состојбата во која се наоѓаат.
Она што мене ме плаши е недовербата кај граѓаните и апатичноста дека нешто може да се подобри, односно тие се веќе во состојба да се самоспасуваат, да се снаоѓаат и при тоа веќе да не внимаваат на сопствениот квалитет на живот, здравје итн.“, вели Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија (МППС).

Дури 38% од децата живеат во услови кои се ризични за нивното здравје, учењето, безбедноста и нивниот развој.

Од Македонската платформа против сиромаштија посочуваат дека најпогодени се децата од многудетните семејства, децата на самохраните родители и децата од ромските семејства.
За разлика од ЕУ, кај нас сиромаштијата останува долготрајна, а социјалната заштита е под се поголем притисок, велат од МППС.

„Кога зборувам за доволно пари и кога зборувам за сиромаштија, секогаш е компромис околу тоа на што ќе се потрошат парите, дали ќе се јаде квалитетно или ќе се обезбедат квалитетни дрва, дали ќе се платат прво сметките за струја, храна и остнати надоместоци, вклучително и потребите на децата во семејството или ќе се обезбеди можност за квалитетна храна во домот, лична надоградба која што би значела поквалитетно работно место итн. Значи, тие компромиси многу почесто и секојдневно ги прават луѓето кои што се засегнати од финансиска сиромаштија“,  вели Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија (МППС).

Граѓаните го делат мислењето дека животот во земјава за многумина е скромен и дека средната класа полека исчезнува.

Истражувањата покажуваат дека сиромаштијата е поизразена во помалите места, а најпогоден е Југоисточниот регион од земјава. Следуваат Вардарскиот и Североисточниот, додека Скопскиот регион има најниска стапка на сиромаштија.

Мирјана Јовеска

 

 

Jumbo 2