Можно е уште еден ребаланс до крајот на годината, или пренамена на пари. Ескалацијата на ситуацијата на Блискиот исток повлече нови мерки против растот на цените кои не биле планирани во првичната конструкција на буџетот. поради кои се тенчат приходите. Па, така во следниот период ќе се следи дали ќе се собираат според планот, иако веќе има потфрлање кај оние од акцизата. Нивната реализација е само еден од параметрите кои треба да покаже дали ќе има потреба од уште едно прекројување на државната каса.
-Овие ситуации не беа планирани во ребалансот на буџетот и кога го спремавме ребалансот состојбите беа помирни и не очекувавме дека може ќе оди повторно во оваа насока. Ги разгледуваме состојбите во финансии, па ќе носиме одлука дали ќе правиме само пренамена или ќе одиме со ребаланс на буџетот, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска
Два пати во годината, ребаланс на буџетот беше направен и за време на претходната влада кога имаше енергетска и Ковид криза. Барем засега не се планира ново задолжување, ниту нови мерки против цените. Но без разлика на тоа останува дилемата дали домашната каса има простор да се носат одлуки кои би биле на товар на буџетот. Домашните експерти многу пати до сега напоменаа дека во тој дел ситуацијата е сложена.
Во овој момент не разговараме за ништо друго ги следиме состојбите, гледате дека за дизелот го намаливме ДДВ то, носиме одлука за две недели ги следиме состојбите па ќе носиме одлуки врз основа на тоа, додава Димитриеска Кочоска
Последно владата одлучи да го намали ДДВ то, но само за дизелот. Претходно се спушти и акцизата за горивата. Со новите мерки регулаторна пресмета, за 3, 5 денари поскапеа бензините. Па, така од полноќ 98 цата ќе чини 102,5 денари за литар, а 95 – 100, 5 денари за литар. Дизелот поевтинува за два денари и новата цена ќе изнесува 99 денари за литар.
Паралелно растат и цените на гасот, а се забележува и скок на цената на струјата.
Ирена Чачкова












