Од почетокот на годината до сега на Македонската берза истргувани се акции во вредност од речиси 90 милиони евра што е за околу 8 проценти помал промет од минатата година.
Освен ограничениот број на инвеститори и финансиски инструменти, како и тоа што домашните инвеститори повеќе купуваат во странство отколку на домашниот пазар на капитал, удел во ваквата состојба имаат и глобалните случувања што на македонскиот пазар домашните инвеститори ги прави поштедливи.
Сепак претставниците од Македонската берза посочија неколку работи кои што би го раздвижиле пазарот, а тоа е воведување на македонски инвестициски сметки, даночни поволности за инвеститорите и упростување на административните процедури на оние кои што тргуваат на берза.
На 25 годишнината на Македонска берза која што се одржува во Охрид присуствуваа над 270 учесници, банки, инвестициски фондови, економисти, пензиски друштва, големи компании и слично.













