Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кредит за ЕСМ ќе се обезбеди од три домашни банки

/

Економија

Сподели преку :

Потребните 60 милиони евра ЕСМ ќе ги стокми од три банки – Комерцијална, Стопанска и Халк банка.

Парите од кредитот се за тековно работење на компанијата, со рок на отплата од 10 години од денот на скчучување на договорот, две години грејс период и каматна стапка во висина на референтната стапка која е последно објавена на денот на склучувањето на овој договор, зголемена за каматна маржа од 2,10 процентни поени, годишно, декурзивно, но не помалку од 4,7% годишно.

Претходно ЕСМ позајми и 7 милиони евра од лотарија, пари за кој премиерот Мицкоски кажа дека ќе ги вратат до крајот на годината… Од ЕСМ потврдија за Телма дека имаат проблеми со финансите но дека тоа не било причина за доцнење на платата на вработените од неколку дена.