Потоплиот јуни ја зголеми, но нешто пониските температури во јули, ја намалија потрошувачката од струја.
Според, анализата на ЕВН, во јуни краткиот топлотен бран повлече над 400 илјади мегават часови потрошена електрична енергија. Иако, станува збор за скромно, оваа година во овој месец биле потрошени 2, 5 отсто повеќе струја во однос на истиот период лани.

Најмногу се испорачало на 26 јуни, кога било најтопло во тој период. Иако, вообичаено јули е месецот кога се случува да има доста високи температурите кои надминуваат и 40 степени и кога може да има зголемена потрошувачка на струја и подолг топлотен бран, ова лето ситуацијата е малку поинаква.
Минатиот месец се потрошиле скоро 443 илјади мегават часови. Но, во однос на јули лани, било регистрирано дека температурите годинава биле значително пониски, па поради тоа Електродистрибуција испорачале и помалку струја.
Но, анализата на ЕВН покажува дека потрошувачката е во рамки на планот.
Периодов одредени држави поради сушата се соочуваат со проблеми во работењето на некои централи кои покриваат доста добар дел од потребите на струја. Меѓу нив се Србија, Унгарија, Романија и Бугарија, но и други европски земји кои излегуваат на Дунав каде водостојот е значително намален.
По ова се отворија прашањата дали и кај нас водата ќе биде проблем за хидроцентралите.
Од Министерството за енергетика уверуваат дека за сега нема простор за загриженост. Од друга страна експертите порачаа – многу да се внимава, но и предупредија дека може да дојде до скок на цената на електричната енергија на домашен пазар, ако се појави потреба од извоз во државите каде сушата ја погоди енергетиката.
Кај нас доста добар период хидропотенцијалот ЕСМ го користеше за покривање на потребите. Но, останува да се види дали и за време на престојната зима, водата ќе го спасува ЕСМ од набавки на електрична енергија.
Ирена Чачкова
Б.С.












