Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе го исчисти ли зелената агенда за РЕК Битола воздухот над Пелагонија?!

/

Економија

Сподели преку :

Енергетски стожер на државата, РЕК Битола,  се наоѓа на пресвртница. Јагленот, кој со години е основа на производството, но и извор на загадување во Пелагонија, постепено треба да отстапи место на нови енергетски капацитети. АД ЕСМ најголем дел од планираните зелени инвестиции ги насочува токму во овој регион. Како ќе изгледа трансформацијата и што ќе значи таа за локалната економијата.

Најголемиот производител на електрична енергија во земјава, но и еден од најголемите загадувачи, РЕК Битола ги планира првите чекори кон нов енергетски модел.  Планот предвидува изградба на три фотонапонски електрани со вкупна моќност од 180 мегавати, на околу 340 хектари во комбинатот.

Заедно со нив е планиран и батериски систем за складирање со капацитет од 300 мегават-часови.

  • Овој проект и  останатите две фотоволтаични електрични централи  ќе бидат изградени на земјиште во непосредна близина и во комплексот кое не е употребливо за друга намена. Сопственост  е на а  Република Македонија или на самото АД ЕСМ, така што периодот на реализација е значително скратен со прескокнување на делот на експропријација, решавање на имотно-правни односи и тн,  вели Тони Ангелевски, помошник директор за развој и инвестиции во РЕК Битола.

Во комплексот е предвидена и гасна електрана од 250 мегавати, која би била поврзана со топловодниот систем за Битола. Но, еколошките организации бараат идните инвестиции да се насочат кон долгорочни и одржливи решенија.

  • „Пелагонија не треба само да го замени јагленот со нови производни капацитети, туку да изгради нова економска перспектива. Приоритет треба да бидат обновливите извори, складирањето, модерна мрежа, нови зелени работни места и преквалификација на работниците, но и поголемо учество на локалните заедници и бизниси. Гасната централа не треба да стане нова долгорочна зависност. Сега е моментот инвестициите да ја насочат Пелагонија кон чиста, отпорна и диверзифицирана економија, а не кон нова фосилна инфраструктура,“  велат од ЕКO-свест.

Од РЕК Битола се повикуваат на принципот на праведна транзиција, и велат  ниту еден работник  нема да остане без работа, а   инвестициите директно ќе ја раздвижат  локланата  економија.

  • Сите овие проекти што ги спомнав предвидуваат економско раздвижување — предвидуваат градба, предвидуваат вклучување на локалните бизниси, снабдување со материјализа реализација на овие проекти, додадава Ангелевски.

Овие проекти треба да се реализираат во следните 5 до 7 години. Прашањето што останува е дали оваа трансформација  ќе биде чиста и ќе  одговори на енергетските потреби, но и доволно внимателна за да не ја наруши економската стабилност на регионот.

Емилија Мисирлиевски