Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интерпелацијата на министерката за енергетика Сања Божиновска пред пратениците

/

Економија

Сподели преку :

Собранието денеска расправа за интерпелацијата за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, поднесена од пратениците на Левица.

Како причини за барањето за нејзина одговорност, од партијата ги наведуваат задолжувањата на државниот енергетски систем и, како што оценуваат, недоволните резултати во секторот.

Од Левица претходно ги повикаа и останатите политички партии да го поддржат гласањето недоверба.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во обраќањето пред Собранието по повод интерпелацијата за нејзината работа ги претстави резултатите на Министерството и одговори на обвинувањата за управувањето со енергетскиот сектор, цената на електричната енергија и користењето на минералните суровини.

Таа ги повика пратениците да ја оценуваат одговорноста врз основа на законските надлежности, документите и конкретните одлуки и да не ја прифатат интерпелацијата. Божиновска истакна дека парламентарната контрола е составен дел од демократското работење и дека интерпелацијата е можност пред граѓаните да се дадат конкретни одговори за преземените политики и постигнатите резултати.

Во одговорот на обвинувањата, таа направи разграничување меѓу надлежностите на Министерството, Владата, ЕСМ, МЕПСО, Регулаторната комисија за енергетика и другите институции. Посочи дека одговара за енергетската политика, планирањето, сигурноста на снабдувањето, обновливите извори, енергетската ефикасност, рударството и минералните суровини, но дека Министерството не ги води оперативните набавки, комерцијалните договори и производството на ЕСМ. За тарифните одлуки ја нагласи независната улога на РКЕ и објасни дека Министерството не може да ѝ наложи каква тарифа да донесе.

Во однос на наводите за продажба на ЕСМ, министерката нагласи дека не постои одлука на Министерството за продажба на компанијата и побара тврдењата за распродажба да бидат поткрепени со конкретен акт и постапка.