По набавката на 350 илјади тони јаглен за РЕК Битола, ЕСМ сега објави и нов годишен повик за нови 600 илјади тони. Иако, претходниот не е целосно исцрпен и се затвори порано, од ЕСМ тврдат дека некогаш се објавуваат кога има знаци дека на пазарот може да се склучат договори по поповолни услови.
Стариот годишен повик за набавка на јаглен не е целосно исцрпен, останаа непотрошени 96000 тони. Бидејќи услов за да биде разгледувана понуда, меѓу другото е и минимална количина од 100.000 тони , тие преостанати количини се префлени во новиот оглас, а овој е затворен, ОДГОВОРИЈА ОД ЕСМ
Од компанијата уверуваат и дека на домашен терен има доволно јаглен и покрај тоа што во рудникот Суводол ископот ќе биде редуциран четири недели. Соопштуваат и дека на депонија во моментов имало околу 97 илјади тони, доволни за 16 дена работа.
Со оглед на тоа што согласно планот, во август РЕК Битола ќе работи со еден термоблок, дневната потреба од 6000 тони јаглен ја обезбедуваме со количини ископани во рудниците, надополнети со испорачаните, согласно тековните договори со добавувачите, ВЕЛАТ ОД ЕСМ
Претходно ЕСМ за помалку од два месеци набави 350 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола кој чини над 18 милиони евра.
Дел од јагленот ќе ги достави веќе добро познатата грчка фирма Протергија Енерџи, но во игра влегува и нова компанија Енерџи Макс, која постои од 2022, а лани имале само двајца вработени.
По ланското најниско производство во последната деценија па и повеќе, и годинава од компанијата со амбициозен план за производство на струја.
Очекувањата се домашните централи да произведат нешто над 4.300 гигават часови електрична енергија, количина која не се испорачала околу шест години.
Ирена Чачкова












