Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција, но во соопштението на Агенцијата за храна и ветринарство не се наведува точен датум за почеток на вакцинацијата.
Денешниот одговор од АХВ доаѓа по вчершното барање на Сојузот на одгледувачи на овци да се забраза постапката за вакцинирање на овците и козите.
- По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се започне со вакцинација. Во моментот се применува стратегијата stamping out-велат од АХВ.
За расфрланите тела на угинати овци од сипаница околу јамата над селото Соколарци во општина Чешиново-Облешево, надлежните институции го демантираат претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци, Насер Џемаили.
Според АХВ и ресорното министерство јамите се соодветно третирани, дезинфецирани и означени, а животните се закопани согласно протоколите.
Тврдат дека пронајдените овци и кози потекнуваат од сточари кај кои болеста е присутна и вршат незаконска вакцинација со неквалитетни вакцини илегално набавени од Турција.
Според пресметките на сточарите досега угинале околу 10.000 овци, а уништени се од 40 до 50 стада.
- Тоа стадо е печалено со три генерации. Сега да дојде момент кога има чаре, кога има еве вакцина. Нека ја убрзат работата и што поскоро да се вакцинират овците -Илми Зекири сточар.
Агенцијата за храна и ветеринарство предупредува дека неовластената имунизација на овците и козите ќе биде санкционирана, а за вакцинираните животни нема да има обештетување.
Викторија Јованова












