Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девизните резерви во август над 5,1 милијарда евра

/

Економија

Сподели преку :

Официјалните девизни резерви изнесуваат 5.101 милион евра на крајот на август годинава и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 90,2 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (69,4 проценти), по што следуваат монетарното злато (17,2 проценти) и валутите и депозитите (13,4 проценти).