Македонската царина како американска донација доби систем од 30 телесни камери со кои во живо ќе се следат активности на цариниците за да се подобри професионалноста на постапувањето во борбата против корупцијата и прекуграничниот криминал.
Камерите ќе бидат користени од цариници на три премини, Табановце, Ќафасан и Блаце, а снимките ќе може да ги користат и други агенции за борба со криминал.
Во видеото проследете ги изјави на Бобан Николовски, директор на Царинска управа о Никола Варнс, Вршител на работите на Амбасадор на САД












