Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните десетина дена по зголемените надежи дека дипломатските напори во рамките на Генералното собрание на ОН би можеле да отворат пат кон деескалација на војната со Иран.
Падот е поддржан и од делумното обновување на испораките на саудиска нафта низ Ормускиот Теснец…
Фјучерсите на нафтата „брент“ поевтинија за 2,16 долари, односно 2,08 отсто, на 101,71 долар за барел, додека американската нафта WTI поевтини за 2,15 долари, или 2,14 отсто, на 98,15 долари за барел.. Со тоа цената на WTI се спушти под границата од 100 долари за барел.
Според сателитски податоци, протокот на саудиска нафта низ Ормускиот Теснец во последните шест дена достигнал просек од 2,9 милиони барели дневно, наспроти 700.000 барели колку што дневно беше протокот во август.
Аналитичаритe предупредуваат дека исходот од напорите за деескалација сè уште е неизвесен.












