За половина година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени скоро 1,6 милијарди евра. Ако македонските и странските граѓани продолжат да играат со тоа темпо, големи се шансите да се надминат ланските бројки кога уплатите за овие игри на среќа во текот на целата година изнесуваа 2,8 милијарди евра. Во меѓувреме течат роковите за дислокација на објектите за приредување вакви игри на среќа подалеку од образовните установи, а приредувачите велат дека тоа ќе предизвика огромни загуби за нив.












