Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – мерката намалено ДДВ продолжена за уште две недели

/

Економија

Сподели преку :

Бензините поскапуваат за денар, дизелот поевтинува за 4, 5 денари. Регулаторите ги скроија новите цени за горивата кои ќе важат од полноќ. Претходно пак владата ја продолжи мерката намалено ДДВ за дизелот за уште две недели.

Со новите одлуки од полноќ дизелот ќе се точи по 100 денари за литар, исто толку ќе се продава и литар од 95 ката. Еуросупер 98 пак ќе се продава по 102 денари за литар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,049%, кај дизелот намалувањето е во просек за 6,734%, стои во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика.

Во соопштението на регулаторите стои и дека во одлуката за новите цени се пресметани намаленото ДДВ од 18 на 10 отсто за дизелот и намалената акциза од 4 денари кај горивата.

Во моментов против ценовниот шок предизвикан од поскапувањето на нафтата на берзите се делува со овие две мерки. Утринава на владина седница се одлучи ДДВ за дизелот да остане намалено од 18 на 10 отсто до 12 октомври. Останува да се види дали ќе има потреба и простор да се делува и со други одлуки со оглед на неизвесноста на ситуацијата што и како ќе се случува понатаму со глобалните пазари.

Во меѓувреме цената на нафтата на светските берзи повторно ита кон 110 долари за барел. Домашните познавачи веќе искоментираа дека пазарите се соочуваат со сериозна неизвесност за тоа што и како би се случувало понатаму и дека тоа дополнително ја отежнува ситуацијата во државите кои треба да носат одлуки.

Од бизнисот пак веќе пресметаа зголемени трошоци во работењето кои тврдат дека  достигнуваат и до 30 отсто. се надеваат на брзо спласнување на проблемите со Блискиот исток во спротивно стравуваат дека следува катаклизма.

Ирена Чачкова