Од ноќеска на полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат поевтино за пет денари за литар, соопштија од компанијата „Макпетрол“.
Со новите цени, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 91 денар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 93 денари.
Цената на дизеолот останува непроменета и ќе изнесува 97 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 50 дени и ќе се продава за 110 денари за литар, додека цената на биодизелот Б8 останува 98 денари за литар.
Од „Макпетрол“ соопштија дека непроменети остануваат и цените на метанот, кој чини 101 денар за килограм, и автоплинот, кој се продава за 50 денари за килограм.
Мазутот поскапува од 53,579 на 54,273 денари за килограм. Новите цени ќе важат од 27 октомври 2026 година.












