Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

64 жаришта на сипаници кај овците

/

Економија

Сподели преку :

Според последните информации болеста овчи сипаници е потврдена во 64 жаришта од кои 50 се во Источниот, седум се Североисточниот регион, 6 во Вардарскиот и еден во Скопскиот.

Од Министерството за земјоделство велат дека се чека на одобрување на вакцини преку Европската комисија од Турција и од ФАО – Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), но министерот не можеше да каже колку долго ќе трае оваа процедура.

– Обезбедувањето вакцини нема автоматски да значи започнување на вакцинацијата. Одлуката ќе се темели на стручна проценка на епидемиолошката состојба, ризикот и можните ветеринарно-здравствени и економски последици од вакцинацијата – рече министерот за земјоделство Борче Серафимовски.

Според Серафимовски,  еден од главните ризици за пренесување на заразата е стрижењето на овците со ножици кои претходно не биле соодветно дезинфицирани. Тој апелираше до сточарите доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции, навремено да ги пријавуваат сомнителните случаи и да избегнуваат користење заедничка опрема без претходна дезинфекција.

 Сточарите чии стада се погодени од појавата на сипаници кај овците ќе бидат обесштетени.

Досега  се угинати10.000 грла овци.

 

Jumbo 2