Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработување на нови инспектори или со амандмани на буџетот или со ребаланс 

/

Економија

Сподели преку :

Буџетот на Државениот пазарен инспекторат и годинава е приближно ист како и минатата. На располагање имаат нешто повеќе од три милиони евра, пари кои инспекторите годишно успеваат да ги наплатат од казни и истите завршуваат во буџетот. Иако бројот на инспектори е зголемен од веќе постоечката администрација која е намалена, сепак нивната бројка е недоволна за што инспектратот постојано алармираше.

„Барањето за нови 20 инспектори за сега не е одобрено, но добивме ветување дека тоа ќе буде сменето со амандмани на буџетот или пак кога ќе се прави ребаланс. Останатите барања што ги имавме генерално се прифатени, во делот на набавка на опрема и возила“, вели Стојко Пауновски, директор на Државен пазарен инспекторат.