Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9°C, а максимумот од 14 до 21°C.
Информација од ова утро 14.10.2026
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
13 Кавадарци, 11 Берово, Струмица, 9 Битола, 8 Демур Капија, Тополчани, 7 Прилеп, 6 Скопје – Петровец, Гевгелија, Штип, Виница, 5 Велес, 4 Крушево, Куманово, 3 Крива Паланка, Претор, 1 Скопје – Зајчев Рид, Тетово.












