Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Информација од ова утро 7.10.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
-2 Берово, 1 Битола, Струмица, 2 Скопје-Петровец, Демир Капија, 3 Тетово, Велес, 4 Маврови Анови, Крива Паланка, Прилеп, Куманово, 5 Штип, Кавадарци, Гевгелија, 6 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, 7 Попова Шапка, 9 Виница, 10 Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!












