Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Информација од ова утро 27.10.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
-4 Попова Шапка, -3 Лазарополе, -1 Берово, Маврови Анови, 0 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Крушево, 1 Тетово, Демир Капија, 2 Охрид, Струмица, 3 Виница, Кавадарци, 4 Претор, Прилеп, Штип, Велес, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 11 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
2 Виница, 1 Пожар-Радовиш.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]












