Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Симов: Да бидеш против дата-центар денес е како да си против хидроцентрали пред 100 години

/

Македонија

Сподели преку :

Да бидеш против дата-центар денес е како да си против хидроцентрали пред 100 години. Дата центрите се критична инфраструктура без која што не може да функционира интернетот, социјалните мрежи, вештачката интелигенција, дигиталната трансформација вели за Телма универзитетскиот професор Орце Симов. Појаснува дека  Дата центрите ќе ги градат одредени економски субјекти, компании кои што ќе се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар. Тие нема да добиваат евтина, субвенционирана електрична енергија која што ја користат граѓаните на Македонија.  Според него во моментов можност за изгардба на вакви центри има на главниот далекувод север- југ.

  • На пример Куманово, Кавадарци, Неготино, па до Гевгелија – во тој потег има добри позиции каде што поминува 400-киловолен далекувод којшто нѐ спојува и со Грција и со Србија, таму има капацитети каде што може да се постават. Потоа имаме далекувод со малку помала моќност што нѐ поврзува исток-запад: Албанија, Македонија, Бугарија, и таму има одредени капацитети. Значи, доколку се појави потреба – ама тоа нема да биде сега, затоа што сега има капацитети – понатаму, ако се изградат повеќе, ако снема таква мрежа, такви далекуводи, треба да се направи мрежата, да се зголеми нејзиниот капацитет. Што не значи дека ќе се земе од граѓаните, од потрошувачите  – Орце Симов универзитетски професор.

Според Симов дата центрите во земјата можат да ја користат и сончевата енергија. Регулаторна комисија има и одбиено барања за изградба на фотоволтаични централи од 7 гигавати. Тоа е како што вели премногу за нас затоа што нашата потрошувачка е околу 1 гигават. Но, доколку има вакви потрошувачи, може да се дадат одобренија на такви компании и  да се зајакне  енергетската мрежа.

  • Значи, сѐ е во електричната енергија. Дури и ладењето: доколку имаме електрична енергија, ние можеме да ги ладиме тие со воздух со помош на електрична енергија, не со вода и со некои такви субјекти. На околината – доколку ја произведуваме електричната енергија од обновливи извори на енергија или од други типови, нема да има загадување на околината. Доколку не користиме гас, не користиме јаглен, нема да има влијание во… за околината, вели Симов.

Инициајтиавта за изградба на дата центри и денеска се тема на партиски препукувања. Лидерот на опозицијата, Венко Филипче посочи дека дата центрите кои трошат повеќе струја ќе значи и дополнителен увоз и повисока цена на струјата, а поради бучавоста месното население не може да живее околу нив и како трета причина ја посочи високата потрошувачка на водата. Од ВМРО ДПМНЕ пак стојат на ставот дека Тие се инфраструктурата на иднината и не треба да бидеме против дата центрите. Треба само да бидат добро планирани и во рамките на сите утврдени стандарди.

И денеска се огласија од Левица, кои се велат дека во немоќта на ДПМНЕ да создаде сериозна домашна производна база, развојната стратегија им се сведува Македонија да ја претворат во платформа за експлоатација на потребите за глобалниот капитал.

Викторија Јованова

Б.С.

Jumbo 2