Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

/

Македонија

Сподели преку :

Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ – пишува во денешното соопштение на СДСМ.

Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди – велат од СДСМ обвинувајќи го премиерот дека е „лажен патриот“.

-Сега се обидува да протурка нова теза. Нема ЕУ – вели Мицкоски, премногу им дадовме, а не добивме ништо. Воопшто не спомнува дека не ги завршил реформите што ги вети уште во јуни, со пролонгирањето од една година што го доби минатата година, се додава во денешното соопштение од опозицијата.

Оттаму го обвинуваат претседателот на Владата дека „ѝ врти грб на ЕУ, ја оддалечува земјата и го блокира европскиот пат“.

Мицкоски сака да каже дека Македонија, наместо во ЕУ, треба да биде во релација само со САД, нашиот најважен стратешки партнер. Некој треба да му објасни на Мицкоски дека оваа приказна за спинување на блокирањето на ЕУ-патот и целосна изолација на земјата не поминува со оваа теза – сметаат од СДСМ.

Од патијата наведуваат и дека „членството во ЕУ и стратешкото партнерство со Америка меѓусебно не се условуваат, напротив, се надополнуваат и создаваат синергија во интерес на Македонија, регионот и пошироката европска безбедност“.

Jumbo 2