Избрзана и непромислена – дел од лекарската фела со остри критики на адреса на Фондот, по најавите за намалување на деновите за боледување од 7 на 5. Велат, времетраењето треба да го диктира дијгнозата, а не административни протоколи. Не се против контрола, но се сомневаат во квалитетот на проценка на комисиите. Лекарите имаат низа забалешки, но малкумина од нив се подготевни за тоа да говорат јавно. Докторката во пензија, Добрила Андоновска, на Фејсбук праша каде е границата, дали административната процедура ќе се наметне над стручноста на лекарите.
- Постојат дијагнози за кои се предвидува определено времетраење на боледувањето. Но, пациентите не се статистика. По операција, на пример, текот на закрепнувањето не е ист кај секој човек. Општата или локалната постоперативна состојба може да бара подолго отсуство од работа. Ако хирургот, кој го оперирал и го следи пациентот, процени дека е потребно продолжено боледување, тогаш е оправдано да се праша: Колку може да биде релевантна проценката на комисија составена од лекари кои не се специјалисти за конкретната состојба на пациентот? – д-р Добрила Андоновска, Специјалист по пластична и реконструктивна хирургија.
Клучниот системски пропуст, според лекарската фела, е целосното исклучување на медицината на трудот од процесот на одлучување. Ова е апсурдно, смета д-р Илчо Ефкоски, специјалист во оваа област.
- Во самиот систем на ФЗОМ си постојат „импровизирани’ првостепени и второстепени лекарски комисии за проценка на привремената спреченост за работа. Во правилата кои се одредени за нивниот состав, медицината на трудот не е предвидена како задолжително застапена специјалност! Онаму каде што се одлучува дали еден работник е способен или неспособен за одредена работа, специјалноста чија основна област е токму работоспособноста во однос на работното место, нема системски загарантирано место. Чудно нели…, напиша на Фејсбук д-р Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на трудот.
Од лекарската комора нема да ја коментираат одлуката на фондот, се додека не го добијат правилникот. Мислењето ќе го кажат откако ќе го анализираат документот.
И оваа одлука, неизбежно повлече и партиски реакции. Според Левица, кратењето денови од боледувањето и дополнителните контроли би биле дополнителен товар за работниците, особено во услови кога, многумина се соочуваат со несигурни работни места, ниски плати, притисоци од работодавачите и несоодветни услови за работа.
Вчера фондот за здравство најави измени во правилникот за боледувања. Најбурни реакции предизвика делот со двата дена покусо боледување, и контролата на осигурениците од страна на контролори делигирани од фондот. Доколку не ги затекнат на адресата ќе добијат писмо во кое ќе им наложат самите да се пријават во лекарска комисија и да објаснат каде биле. Овие новини според ФЗО се со цел да се спречат злоупотреби на боледувањата. Измените прво треба да поминат на управен одбор на фондот, а потоа да добијат и зелено светло од Министерството за здравство.
Симона Петровска

Чести контроли и скратување на боледувањата, со овие мерки фондот сака да ги намали злоупотребите. Пет дена е новиот максимален рок за боледување што ќе може да го издаде матичниот лекар, со што се скратува досегашната граница од седум дена. Оваа новина е дел од новиот правилник на Фондот за здравствено осигурување, кој треба да… Продолжи со читање













