Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиера на „Федра- Антропологија на една желба“ во Драмски театар

/

Култура

Сподели преку :

В сабота на големата сцена на Драмски театар ќе се одржи премиерата на претставата „ Федра- Антропологија на една желба“ . Се работи за диптих што го постави босанскиот режисер Дино Мустафиќ.  Двете претстави се базирани на драмските дела „ Федра“ од Жан Расин и „ Љубовта на Федра“ од Сара Кејн. И во двете, невозвратената љубов има трагичен крај.

Од Еврипид и Сенека, митот за Федра низ времето бил образец преку кој што уметниците и филозофите зборувале за една жена и за нејзиниот грев. А, гревот бил што љубела и сакала тоа да ѝ се возврати, вели режисерот од БИХ, Дино Мустафиќ за диптихот „ Федра- Анторопологија на една желба“. Тој направи две претстави, базирани на  делото „ Федра“ од 17 век, на Жан Расин и на „ Љубовта на Федра“ од Сара Кејн, од 1996 година. Тие поставуваат повеќе прашања.

  • Каде се јавува тој грев? Дали само затоа што сака да ја исполни својата душа со љубов? Како на тоа гледало општеството ? Како на тоа реагирал системот? Каков е воопшто односот меѓу моќта и жената или воопшто меѓу љубовта како некој идеал, ако сакате за внатрешната вистина, кој што често сме принудени поради различни околности да го криеме – Дино Мустафиќ- режисер.

Конфликтот во претставите е вљубеноста на Федра во посинокот. Главната улога ја толку првенката на Драмски театар, Јелена Жугиќ, според која трагичниот крај на нејзиниот лик е чин на бунт.

  • И во двата текста љубовта на Федра е општествено – политички некоректна. И во двата случаи љубовта не може да се инкорпорира во општеството, во кое што живее – Јелена Жугиќ- актерка.

По 8 години во Драмски театар се врати актерот Дејан Лилиќ, кој настапува во ликот на Тезеј, во постановката по текстот на Расин. Трагичниот крај на сопругот на Федра, тој го гледа во направените грешки.

  • Проблемот на неслушањето доведува до правење на грешки. Лични, персонални, кои што можат де факто да бидат прелеани на целото општество. На целата генерација, на пример – Дејан Лилиќ- актер.

Во постановката „ Љубовта на Федра“, Тезеј го толкува Александар Степанулески, а ликовите на посинокот Хиполит во двете претстави ги играат Лазар Христов и гостинот Леонардо Лазов. Актерите играа, пеат и свират на нивна авторка музика, на парчиња избрани од режисерот Мустафиќ и на специјално направена музика од Влатко Стефановски.

Сотир Трајков

Б.С.