Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна со работа ПЕТ-скенот, откако пристигна радиоизотопот од Истанбул

/

Македонија

Сподели преку :

По еден месец застој, државниот ПЕТ/КТ скенер од денеска повторно е во фунција, откако е донесена неопходната количина на радиоизотоп од Истанбул. Министерот за здравство, Сашо Клековски вели дека се во комуникација и со Софија, за да може да се обезбеди алтернатива која би овозможила ПЕТ-скенот да работи и во сабота.

„Комуницираме и со Софија бидејќи Истанбул работи само од понеделник од четврток, а сакаме да обезбедиме и алтернатива за да може ПЕТ-скенот да работи во сабота“, додаде ресорниот министер.

Клековски рече дека во претходните години се правеле од 2100 до 2200 пет скенирања годишно, а во 2025-та година е постигнат рекорд од 2700.

Според статистиките од референти земји, како што рече Клековски, овде треба да се таргетираат од пет до шест илјади снимки годишно бидејќи оваа здравствена услуга не е неопходна само за онколошките и хематолошките пациенти, туку и за оние во областа на неврологијата.

„На онколозите им се достапни други методи на следење на болеста. Мораме да најдеме механизам бидејќи секако секоја година има редовен сервис и да видиме со која методологија ќе се пристапи и конечно. Се обидуваме да ја премостиме сабота бидејќи центарот од Истанбул не може да испорача, изотопот е со краток животен век“, додаде тој.

Пет скенот месецов беше во редовен сервис за време на кој беа констатирани проблеми со циклотронот, каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, по што опозицискиот СДСМ обвини за, како што наведоа оттаму, аматерски пристап кон единствената јавна дијагностика од овој тип во државата“.

Заводот за ревизија лани објави дека капацитетите на Циклотронот кој произведува изотопи неопходни за ПЕТ-скен снимањата не биле целосно искористени.

Во периодот од 2021 до 2023 година, биле реализирани 6.457 снимања, но нивниот број би можел да биде и поголем ако се знае дека апаратот за изотопи можел да произведе повеќе – констатираа ревизорите.

 

Jumbo 2