Почина 13- годишното дете кое беше прободено со нож во срце во Чаир– потврдија за Телма од ТОАРИЛУЦ. Детето беше примено во Клинички центар ноќта на 31 август во тешка состојба по крвава тепачка во која учествувале 5 лица.
По 23 дена борба за живот на КАРИЛ вчера подлегнал на повредите. Докторите велат дека иако имало стабилизација на состојба, детето било во критична состојба
„Поради тежината на повредата во целиот изминат период во единицата за интензивно лекување беа преземени сите мерки за лекување и третман на состојбите кои се надоврзуваа една на друга . Вчера во доцните попладневи часови момчето подлегна на повредата“, вели др -Марта Тренева Ничевска, раководител на КАРИЛ.
Телото на детето по службена должност е испратено на обдукција велат од КАРИЛ
Обивнителството тогаш информираше дека 2 момчиња го извршиле насилството. 19-годишник од Скопје доби и 30 дневен притвор но неговиот 13 годишен брат не може кривично да одговара затоа што е на возраст под 14 години. Покрај детето кое почина осомничениот и неговиот малолетен брат со нож тешко повредиле и едно полнолетно момче а уште едно дете било полесно повредено објавија тогаш од обивнителството
Истрагата до сега се водеше за криивчното дело „Насилство направено во група“ за кое е предвидена затворска казна од три до десет години. Но ќе следи промена на квалификацијата на делото кога ке го добијат известувањето дека момчето починало – потврдија од Обвинителството . Дополнуваат дека истрага е се уште во тек и се собираат докази.
Ова не е прв ваков случај на насилство. Пред 3 месеци во Ченто малолетник беше претепан од тројца и прободен со нож шест пати во телото. И овој предмет е во истрага. Претходно во училиштен двор во истата населба средншколец прободе деветоодделенец. Оваа постапка се води согласно законот за правда за децата за обид за убиство и е во судска постапка.
Елена Ивановска Муковска













