Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Паднато дрво ја „зароби“ пластиката и фрлениот отпад во Вардар и разоткри нова еколошка катастрофа

/

Македонија

Сподели преку :

Огромни количини отпад повторно пловеа низ реката Вардар, појава што во есента 2025 година на два пати беше забележана низ неколку тетовски села.  Овојпат е познато на што се должи овој еколошки аларм.  Дрво кое паднало во речното корито формирало условно речено брана, па се што надошло од фрлениот смет останало таму.

Општина Јегуновце интервенира деновиве  за отстранување на паднато дрво за овозможи слободно движење на речната вода.

„Апелирам до граѓаните и од Општина Јегуновце и до сите граѓани кои фрлаат или прават штетат на реката Вардар. Не прават само на Вардар, прават на сите населени места, на сите граѓани и затоа би апелирал ова да не се случува, затѕоа што секое домаќинство има канта“, вели Димитар Костадиновски –градоначалалник на Општина Јегуновце.

И мештаните се свесни дека несовните поединци меѓу населението и потребата од поефикасно институционално делување се најголемите причини за состојбата која се повторува.

„Состојбата може да се подобри.Тоа е до народот. Народот ако се подобри со културата, ќе се подобри и Вардарот. И треба претријатијата јавни за отпад  подобро да функционираат“, вели граѓанин.

„Народот да не фрла. Нема потреба да фрла во Вардар кога има контејнери. Плаќаме во општина, канти има како што гледате и тоа“, вели друг граѓанин.

„Сега навечер смрди, ние бслиску сме овде. Мирис лош, па све што е канализација, перат коли, улиња пуштаат,не знам што, све е загадено. Порано од Вардар вода смо пиеле ние“, рече друг жител.

За превенција од несовесни постапки општината на неколку места има поставено и видео камери со цел да се открие фрлањето смет.

Александар Самарџиев

 

Jumbo 2