Суплементи за потенција се во центарот на акцијата која започна утринава против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи, откри во гостувањето во Топ тема, министерот за здравство Сашо Клековски. Најмалку 6 лица се приведени во акцијата, а се вршеа претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија на десетина локации.
- „Не се лекови во прашање, туку додатоци и надрилекарства. Случајот е поврзан со претходна акција, која не е поврзана со ботокс, а сите заедно се поврзани со сузбивање на шверцот и нелегалната трговија на лекови и суплементи и други средства кои предолго време претпоставувам биле толерирани, а може да доведе до големи нескани последици“ изјави Клековски во Топ Тема.
Министерот Клековски додава дека не станува збор за суплементи кои може да предизвикаат само финанскиски последици, туку и здравствени, бидејќи станува збор за нелегални суплементи.
- „Во основа се додатоци кои имаат тревки во различни комбинации кои се продаваат со различни својства, како поддршка на машкоста, подобрување на работа на еден, друг, трет орган кои не се регистрирани во земјава за таква намена и се комплетно надвор од законот“, додаде Клековски за време на гостувањето.
Според информации на Телма меѓу приведените е и еден припадник на царината, кој бил во комуникација со осомничените во случајот. На терен изглегле и вработени во АХВ. Од МВР и од Обвинителството се уште не соопштуваат детали за акцијата.
- ОЈО ГОКК: „Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО за ГОКК, Министерството за внатрешни работи – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал рано утрово започна полициска акција насочена кон сузбивање криминална група осомничена за криумчарење стоки и кривични дела од коруптивна природа.Во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации. По нивното завршување, обвинителството подетално ќе ја информира јавноста.“
Од МВР само кратко соопштија дека акцијата е „насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење на стоки и извршување на коруптивни кривични дела.“
Марија Митевска

Најмалку 6 лица се приведени во големата акција која започна утринава против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи. Од МВР потврдија дека во акцијата учествуваат повеќе полициски тимови и е под раководство на обвинител од Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Се вршат претреси… Продолжи со читање













