Веројатноста за средба меѓу Муцунски и Петрова Чамова во четврток не е мала да се случи, бидејќи, сепшак, препораката доаѓа од претседателкаата на Европската комисија и мислам дека препораката не е дадена паушално, рече Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерапната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Доколку се случи таква средба, моето мислење е дека тоа ќе биде еден знак дека Преговарачката рамка која што Европската комисија ѝ ја понуди на Македонија и беше прифатена во време на владата на СДСМ и ДУИ, сепак, има во еден дел, особено кај барањето за уставни измени, има еден билатерален проблем. И тој билатерален проблем доаѓа, извира, од местото каде што треба да се случи оваа билатерална средба, доколку се случи. Препораката на Фон дер Лајен не беше за македонските власти да побараат средба со министерот за надворешни работи на Полска, на Австрија, на Словачка или Италија, туку со официјални претставници од соседна Бугарија. И затоа ценам дека би било добро, доколку се случи една таква средба“, рече Милошоски кој додаде дека доколку не дојде до средба, според него, ќе биде неуважување, дипломатско или политичко, кон, какои што рече, „оној заеднички авторитет на политичката сцена во Брисел.
Очекувањата од евентуалната средба меѓу министрите за надсворени работи на Македонија и на Бугарија се никакви за СДСМ, истаклна Фани Каранфилова-Пановска, заменик претседателка на партијата.
„Цениме дека нема никаква потреба од средба, бидејќи имаме Преговарачка рамка со Европската Унија која што е усогласена со 27 држави членки. Една од нив е и Бугарија“, смета Каранфилова Пановска. Според неа, средбите на Муцунски во Софија, директно билатерална, со исклучување на целата Европска Унија нема да водат никаде.
„Идејата со средбите во Софија не е да се одблокира процесот, туку да се најде уште еден аргумент плус за дополнителна блокада или евентуално за ширење на антиевропска реторика“, рече Каранфилова-Пановска.
С.Д.













