Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

/

Македонија

Сподели преку :

По сите обиди да се продаде приказната за прослава од „нула денари“, директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, сега се обидува да нѐ убеди дека за издвојување на 300 милиони денари е доволен записник од седница на Владата – реагираше денеска Левица преку писмено соопштение во врска со прославата организирана по повод 35-години незавиност.

Реакцијата доаѓа откако директорот на Лотарија, Александар Климовски презентирајќи го извештајот за трошоците откри дека за хонорарите на 67 артисти биле издвоени околу два милиони евра, но сумите кој колку пари добил за својот настап ги знае само Стардаст која ја организираше прославата.

На прашањето, велат од Левица, дали постои записник од Собранието на акционери со кој се одобрува ваквата операција, тој повторно се повика на владината одлука, тврдејќи дека Владата настапувала во својство на акционер.

Во партиското соопштение се наведува дека „државна лотарија е акционерско друштво во кое одлуките за располагање со средствата мора да се носат согласно законски пропишаните процедури“.

Владата како претставник на единствениот акционер не може само со налог да ги заобиколи тие процедури, ниту да го замени потребниот акт за одобрување на исплатата од 300 милиони денари со повикување на владин записник – додаваат од Левица.

Климовски дури и самиот изјави: „Дали ќе бидат одлуки формални или ќе бидат во нашиот записник, во текстот на записникот, тие нѐ обврзуваат“. Со вакво објаснување, директорот практично бара од граѓаните да прифатат дека формата, надлежноста и документацијата се споредни кога Владата ќе каже каде да одат парите.

За ДПМНЕ, очигледно, навиката да ги држи институциите под партиска контрола создава илузија дека може да ги заобиколува законите секогаш кога ќе ѝ затреба на партијата. Кога институциите се третираат како партиски продолжени раце, а не како органи што располагаат со јавен капитал, не е чудно што сега, фатени во тесно, наместо со документи да одговорат на прашањата, се обидуваат да ја релативизираат сопствената одговорност – се додава во реакцијата.

Jumbo 2