Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Летно искачување на Титов Врв в недела по 18. пат

/

Македонија

Сподели преку :

Традиционално летно искачување на Титов Врв во недела, на 30 август 2026 заеднички организираат тетовските планинарски клубови Тетекс и Јелак. Ова е 18-то издание на оваа планинарска акција која тргнува од Попова Шапка се’ до највисокиот врв на Шар Планина.

„Во недела од 6 часот е предвидено тргнување со организиран превоз од пред Центар за култура во Тетово. Од 7 часот е предвидено тргнување кон Титов Врв од пред платото на хотел Попова Шапка (Инекс). Искачувањето е организирано од страна на ПК Тетекс и ПК Јелак ќе се одвива исклучиво по Вакуфската патека за што двата клуба обезбедуваат водичи и техничка поддршка за време на акцијата“, информираше Снежана Новаковска, претседателка на ПК Тетекс.

Патеката е со средна тежина, а имајќи го предвид променливото време на планина, организаторите со препорака сите учесници да имаат обувки соодветно на влажните и лизгави услови, односно обувки со потврд ѓон и подлабоки крампони.

„За сите рекреативци и почетници кои имаат помалку искуство се препорачуваат планинарски чизми како би се избегнале повреди на стапалото и зглобовите на нозете, како и соодветна компресивна заштита на послабите делови од нозете, стегачи за колена/глуждови, имајќи ја предвид и должината на патеката. Препорачливо е носење на планинарски стапчиња и опрема за дожд и ветер бидејќи условите на планина а посебно на врв се менуваат од час во час“, вели Новаковска.

Се препорачува да се носи по минимум литар вода како и храна. Патеката е со должина од околу 12 километри за што се потребни околу 4,5 часа за искачување.

Jumbo 2