Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лажни вести се шират за сместувањето во студентските домови – сè е регуларно, рече Јаневска

/

Македонија

Сподели преку :

Министерката Јаневска ги негира обвинувањата на опозицијата дека се политизира постапката за добивање место во студентските домови… Тврди дека сите приеми на студенти во сместувачките капацитети се реализираат по регуларен пат.Оние што се одбиени не ги исполнувале условите.

„Жал ми е што во јавноста се шират дезинформации или т.н лажни вести. Апсолутно тврдам дека се објавени ранг листи на примените, но објавена е и ранг листи на непримените со објаснување зошто не се примени. На мое прашање што се случува по повод шпекулациите секторот одговори:  „Да има студенти кои студираат седма или осма година и тие студенти не се примаат,  има студенти чии родители имаат енормно високи примања и тие студенти се одбиваат – критериумите се објавени јавно, ги има во огласот и студентите добро знаат  кои можат и исполнуваат услови да бидат сместени а кои не“ рече Јаневска.

Претходно, партијата Левица обвини декa Министерството за образование и наука повторно не обезбедило целосна транспарентност при распределбата на местата во студентските домови. Иако МОН ги објави резултатите од конкурсот, од партијата велат дека нема јавно достапни ранг-листи со освоените бодови на кандидатите.

Според Левица, токму бодовите се клучни за да може да се утврди по кои критериуми е примен еден студент, а друг одбиен кога за едно место конкурираат повеќе кандидати.

Jumbo 2