Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дивокоза за првпат после долго време забележана на Пелистер

/

Македонија

Сподели преку :

Дивечот во НП Пелистер после интензивираните активности на ренџерската служба се почесто можи да се забележи во неговите живеалишта во зоната на активно управување и во зоната на строга заштита.
На фотографиите од фотозамките лесно можи да се забележи каде дивечот се движи, колкава е неговата бројност, во каква здравствена состојба се наоѓа и како во секојдневието функционира како дел од синџирот на исхрана, стои во објавата на Националниот парк Пелистер објавена на Фејсбук.

На првата фотографија можи да се збележи волк(Canis lupus) во улога на предатор како се движи со својот плен(срндач – Capreolus capreolus).
На втората фотографија после долго време на интензивен мониторинг забележана е дивокоза(Rupicapra rupicapra).
Третата фотографија го опишува движењето на дива свиња(Sus scrofa) во група. Ова е карактеристично за овој животински вид на Пелистер.
На останатите фотографии ќе ја забележите и дивата мачка која често пати можи да биди помешана со рисот од страна на посетителите на НП Пелистер.
Дивата мачка(Felis silvestris) има свои карактеристики и во значителна мера се разликува од Балканскиот рис.
Jumbo 2