Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Акција „Филтер 2“ во шверц на цигари од Грција помагале царински и полициски службеници 

/

Македонија

Сподели преку :

Седум пати извршиле шверц на цигари преку граничниот премин „Богородица“, а во тоа им помагале царински и полициски службеници. Во нелегален промет пуштиле 69.350.000 парчиња цигари и ја оштетиле државата за околу 6 милиони евра. Шверцот се одвивал од јануари до јуни 2024 година. Во координираната акција „Филтер 2“ на Царинската управа и обвинителството извршени се претреси на 23 локации низ државата а вкупно приведени се 13 лица.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски изјави дека цигарите од три шлепери наводно требало да бидат испорачани во Моладавија и во Србија, но завршиле на нашиот пазар.

„Цигарите биле нелегално истоварени на територијата на Република Македонија, по што шлеперите ја напуштиле државата преку граничниот премин „Табановце“ празни, а во царинскиот систем биле забележани како полни. Значи фактот што цигарите не ја напуштиле држвата транзитните постапки биле раздолжувани како шлеперите да ја напуштиле Макеоднија полни“,  Бобан Николовски,  директор на Царинската управа.

Останатите 4 пати шлеперите натоварени со цигари ја преминале границата, но тоа не било евидентирано од царинските и полициските службеници. И тие биле истоварени во земјава на нелегален начин.

„Истрагата јасно покажува дека незаконското постапување не се однесува само на учесниците, економски оператори, туку опфаќа и вклученост на учесници, службени лица кои се обврзани да го спречат токму ваквото незаконско постапување“, додаде Николовски.

Кривичната пријава е против 3 фирми, една шпедиција една транспортна и една увозна компанија, како и 18 физички лица. Од нив 4 се царински службеници, тројца полицајци и  двајца возачи на шлеперите. Тројца се недостапни на органите на прогон. На товар им се ставаат повеќе кривични дела. Николовски очекува истрагата да се прошири на повеќе лица.

Марија Митевска

Jumbo 2