Католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит пазар ноќеска била мета на крадци, пришто е украдена дарохранителницата во која се чува Пресветата Причест, односно осветени хостии. Случајот е пријавен кај надлежните институции и во тек е полициска истрага, информира Скопската бискупија. „За Католичката црква Пресветата Причест е најсветиот дар доверен на ...