Стручните и државните испити за ревизори, лекари, стоматолози, медицински сестри, воспитувачи и други професии отсега ќе може да се полагаат и на албански јазик, соопшти коалицијата ВЛЕН. Оттаму велат дека со новите решенија се унапредува употребата на албанскиот јазик и се исполнуваат обврските предвидени со Охридскиот рамковен договор и Уставот. ...