Со свирежи и извици „Ниту една повеќе“ пред Министерството за внатрешни работи десетици демонстранти го покажаа својот револт од зголемениот број на фемициди и напади врз жени. Симболично, на улицата пред МВР истурија земја за да ја покажат трагедијата која ги снајде сите убиени жени од нивни блиски. Се обидоа ...
До кога оваа држава ќе создава и ќе штити насилници? реагираат од Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Уште колку жени треба да бидат убиени за да се демонтира овој систем поволен за насилници, а погубен ...
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, реагираше по случајот со брутално претепаната 26-годишна девојка од Охрид, Сара, која се наоѓа во болница, додека осомничениот за нападот е на слобода. Петровска побара од МВР и Обвинителството да објаснат како постапувале во случајот, дали биле проверени наводите на семејството за тежината на нападот ...
Непостапувањето на полициските службеници при пријавување на насилство од две жртви на фемицид се уште се истражува, тврдат обвинителите од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Досегашниот обвинител Ислам Абази кој денеска ја напушти функцијата и новата шефица Искра хаџи Василева велат дека одделението за гонење на полициски ...
По пет дена бегство од полицијата, 24-годишниот К.У., осомничен за семејно насилство врз 21-годишната партнерка од Битола, денеска се предал во СВР Битола. Случајот излезе во јавноста откако младата битолчанка пријавила дека партнерот подолг период физички и психички ја малтретирал, ја давел и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. ...
Три граѓански мрежи упатија отворено писмо до домашните институции и меѓународната заедница, барајќи итни мерки за спречување на родово базираното насилство и заштита на жените. Мрежата за заштита од дискриминација, Платформата за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство повикуваат на итни истраги за институционалното ...