Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Валах го сопре Охрид во последниот напад, Вардар до петтиот трофеј во Суперкупот

/

Ракомет

Сподели преку :

Вардар го освои петтиот трофеј во ракометниот Суперкуп на Македонија, откако вечерва во Гевгелија го совлада Охрид со 32-31. Во неизвесен натпревар, „црвено-црните“ имаа повеќе концентрација во самиот финиш и стигнаа до првиот пехар во новата сезона.

Вардар и Охрид беа решени да ја отворат сезоната со трофеј, а победникот беше неизвесен до последните секунди. Во текот на речиси сите 60 минути имаше резултатска нишалка и двата тима наизменично се менуваа во водство.

На полувремето Вардар водеше со 17-15, а на крајот славеше со минимални 32-31. Воркапиќ го постигна последниот гол за „црвено-црните“ од пенал, по што Охрид доби напад за израмнување. Стрмљан шутираше за израмнување, но голманот на Вардар, Валах, одбрани и му го донесе трофејот на својот тим.

Воркапиќ со 12 голови беше најефикасен кај Вардар, додека Малус постигна седум. Кај Охрид, Ѓукиќ заврши со шест голови, Лијапис со пет, а Стрмљан постигна четири.