Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таневски доби унапредување, ќе ја предводи Македонија У21

/

Фудбал

Сподели преку :

Александар Таневски е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година. Горан Станиќ заминува од функцијата по слабите резултати на младата селекција во квалификациите за Европското првенство во 2027 година.

Таневски во изминатиот период ја предводеше новоформираната селекција до 20 години, а сега од ФФМ доби доверба да ја преземе репрезентацијата до 21 година. Тој важи за еден од најперспективните млади македонски тренери и веќе има солидно искуство во Првата лига, каде ги предводеше Македонија Ѓорче Петров, Брера и Беса. Минатата сезона со Скопје избори промоција во елитното друштво, но не остана на клупата во новата сезона.

Од ФФМ му се заблагодарија на Станиќ за досегашниот ангажман, а истакнаа дека задачата на Таневски ќе биде да создаде поконкурентна репрезентација, која ќе бележи подобри резултати и воедно ќе создава фудбалери за иднината на А-селекцијата.

Новиот селектор ќе ја предводи Македонија на последните два натпревари од квалификациите. На 1 октомври ја пречекуваме Црна Гора, а четири дена подоцна гостуваме кај Шведска.

Во досегашните осум квалификациски натпревари Македонија освои само шест бода, сите од двете победи против последнопласираната Ерменија.

ФОТО: ФФМ.мк