Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силекс го декласираше Башкими, сигурна победа и на Шкендија

/

Фудбал

Сподели преку :

Денеска со два натпревари заврши премиерното коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Силекс и Шкендија без проблеми дојдоа до првите бодови.

Во Кратово, Силекс го декласираше Башкими со 6-0, додека Шкендија на теренот на Фудбалската федерација на Македонија со 3-0 го победи повратникот во елитата Скопје.

Вчера сигурен беше и шампионот Вардар, кој со 2-0 ја совлада Брегалница, а Струга со 3-0 триумфираше против Шкендија Арачиново. Премиерниот натпревар од новата сезона се одигра во пеокотот, а Тиквеш со 5-1 славеше против Арсими.