Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Охрид повторно подобар од Вардар, го освои турнирот „Крсте Андоновски“

/

Ракомет

Сподели преку :

Охрид како домаќин го одбрани трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, откако синоќа во големото финале во салата „Билјанини Извори“ го совлада Вардар. Тоа беше втора победа по ред на охриѓани над „црвено-црните“ во едно финале, откако пред една недела славеа и во борбата за трофејот на турнирот во Струга.

Охрид го совлада Вардар со 29-27, а на полувремето имаше предност од 12-10. Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, не можеше да смета на сите ракометари од составот, додека и тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, очекувано доста ротираше со играчите со оглед на тоа што се работи за подготвителен период.

Доминик Мате со шест голови и Кеита со пет беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај Вардар во нападот најмногу се истакнаа Фадуил со осум и Воркапиќ со седум голови.

Охрид и Вардар повторно ќе се соочат пред почетокот на сезоната, овој пат во дуел за Суперкупот на Македонија, кој ќе се одигра на 2 септември во Гевгелија.

Третото место на турнирот го освои Загреб, пред Тримо Требње. Војводина заврши на петтото место, Нексе на шестото, младинската селекција на Египет на седмото, а Олимпијакос беше последен.

Мате беше прогласен за најкорисен играч на турнирот во Охрид, а уште едно признание отиде во рацете на домашната екипа, бидејќи Дино Славиќ беше избран за најдобар голман. Абделрахман Ашраф од младинската селекција на Египет беше најдобар стрелец, додека Марко Мамиќ ја доби наградата за најдобар дефанзивец на турнирот.

Фото: Фејсбук/Турнир „Крсте Андоновски“