Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ го промовираше третото странско засилување за новата сезона 

/

Кошарка

Сподели преку :

Македонскиот шампион МЗТ Скопје полека го комплетира ростерот за новата сезона.

Американскиот кошаркар Лесли Ворнер е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално потпиша договор со тимот од Аеродром.

Станува збор за искусен крилен кошаркар со богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл.

Потоа настапуваше за Капфенберг во Австрија, Славија Прага и Усти над Лабем во Чешка, Короивос во Грција, додека минатата сезона ги бранеше боите на литванскиот прволигаш Јонава.

Ворнер е третото интернационално засилување на МЗТ Скопје за новата сезона, по неговиот сонародник Ноа Фарахан и босанскиот центар Емир Крајиниќ.

Договори со клубот имаат и Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Маслинко и Андреј Андоноски, како и повратниците Лука Стојановски и Никола Василевски.

Во сезоната што следува, МЗТ Скопје ќе настапува во домашните натпреварувања, АБА2-лигата и ФИБА Еврокупот.