Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе денеска го промовираше новото возило со кое ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона.
Како што потенцираше и самиот Стефановски тој ќе биде првиот македонски возач кој ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни натпреварувања, со што стартува едно ново поглавје во неговата кариера, за кое сонува цел живот.
Иџе ќе биде првиот возач од Балканот кој ќе настапува со прототипот Норма, кој е еден од дванаесетте вакви болиди произведени во светот. Станува збор за исклучително моќно возило, чија технологија и перформанси се блиски до болидите во Формула 1.
„ Дефинитивно има голема разлика, ова е нешто како Формула 1, во однос на сила и аеродминамика. Максмимална брзина на возилото е 280 километри, но забрзувањето е драстично поголемо, во однос на Ферарито на некои патеки е побрзо и до 15 секунди. Во сериозна конукренција е, најсилната во оваа класа, тоа се луѓе што долги години се со вакви автомобили, формули и протипови. Влегувам во нова категорија , време е да се одмериме со големите на брдските трки“ – истакна Игор Стефановски – Иџе.
Денешната промоција и тестирање се случи на Водно каде Стефановски ги имаше своите почетоци во тркачката кариерата.













