Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Елмас повторно во Серија А: Потпиша за Аталанта

/

Фудбал

Сподели преку :

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е нов играч на Аталанта. Во Бергамо доаѓа на едногодишна позајмица од бундеслигашот Лајпциг.

Елмас повторно се враќа во Серија А, овој пат во Бергамо. Сезоната 2026/27 ќе ја мине како позајмен играч од Лајпциг, а Аталанта ќе има опција да го откупи следното лето. Македонскиот репрезентативец има договор со германскиот клуб до јуни 2028 година.

Аталанта ќе биде трет италијански клуб во кариерата на Елмас. Освен за Наполи, каде мина вкупно пет и пол сезони во два наврати, една полусезона го носеше и дресот на Торино. Минатата сезона одигра вкупно 44 натпревари за Наполи, но клубот не ја искористи опцијата за откуп, па Елмас се врати во Лајпциг.

Тимот од Бергамо се чини како добра опција за нашиот интернационалец. Елмас би можел да добие значителна минутажа и важна улога во тимот на Маурицио Сари.

Фото: Аталанта